26 Април, 2024
0.0271

„Фершпед“ ги зголеми приходите, но му „избегаа“ расходите

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Секоја акција на „Фершпед“ за првите девет месеци носи добивка од 67 евра. „Фершпед“ за првите девет месеци ги зголеми приходите за 2,26 милиони евра, но неговите расходи за истиот период пораснале за 2,46 милиони евра. Добивката за првите девет месеци е 1,21 милиони евра и е за 16 отсто пониска од истиот период лани

Најголемата домашна шпедиција „Фершпед“ ги зголеми приходите во споредба со лани, но зголемувањето на оперативните трошоци ја намали нето добивката за 16 отсто за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани, покажува објавениот финансиски извештај на „Фершпед“.

Вкупните приходи на „Фершпед“ за првите девет месеци годинава изнесуваат 43,7 милиони евра и се за 2,26 милиони евра поголеми од истиот период лани. Значаен пораст има кај приходите од странство и тие за периодот јануари – септември се 3 милиони евра и се за 81 отсто повисоки од приходите од продажба во странство лани. На домашниот пазар „Фершпед“ реализирал приходи од продажба во износ од 40,7 милиони евра што е за 2 отсто подобар резултат од лани.
Оперативните расходи на „Фершпед“ до крајот на септември достигнале 42,5 милиони евра и во споредба со истиот период лани пораснале за 6 отсто односно за 2,46 милиони евра. Споредбата на растовите на приходите од продажба и на оперативните расходи покажува дека трошоците пораснале повеќе од приходите за 200.000 евра.

Тоа влијаело и врз оперативната добивка на компанијата. За првите девет месеци оваа компанија има оперативна добивка што е за 20 отсто пониска од истиот период лани. Таа на крајот на септември изнесува 1,21 милиони евра.

Охрабрувачки за акционерите на „Фершпед“ е соодносот на финансиските приходи и финансиските расходи. Во овие три години „Фершпед“ на овој план направи одличен исчекор. За првите девет месеци годинава финансиските приходи изнесуваат 222.600 евра и се за 156.600 евра поголеми од финансиските расходи. Процентуално финансиските расходи во споредба со истиот период лани се пониски за 57 отсто, а финансиските приходи пораснале за 50 отсто. Овие 156.000 евра ја зголемуваат добивката на „Фершпед“, но данокот на добивка конзумира 161.600 евра од остварената добивка. Така нето добивката на компанијата заклучно со 30 септември годинава изнесува 1,21 милиони евра и во споредба со истиот период лани таа е пониска за 16 отсто. Секоја акција на „Фершпед“ за првите девет месеци носи добивка од 67 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто