Фиат Крајслер е нов измамник со издувните гасови, САД ќе тужи
Објавено во: Економија 24 Мај, 2017
Властите на САД донесоа одлука да започна судска постапка против автомобилскиот бренд Фиат Крајслер за лажирање на резултатите на издувните гасови од дизел возилата преку специјален софтвер. Тужбата уследи по иницијалните обвинувања од Агенцијата за заштита на животната средина, објавени во јануари.
Проблематични се два модела произведени од 2014-та година до 2016-та година. Од Крајслер засега нема официјален коментар, но акциите на компанијата забележаа пад за 2,9 проценти.
Во 2015 година, Фолксваген беше обвинет дека користел сличен софтвер за лажирање на стандардите за испуштање на гасови. Компанијата ја призна измамата, и беше казнета со 20 милијарди долари.
Се претпоставува дека на тестовите за мерење на влијанието врз животната средина мамеле и други автомобилски брендови, особено со дизел возилата.