26 Јуни, 2024
0.0321

Фицо уште е во болница по минатонеделниот атентат

Објавено во: Свет 24 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо е „малку подобрена“, соопштија од болницата во која тој се опоравува од критичните прострелни рани при атентатот што се случи минатата недела.

Премиерот на Словачка беше тешко ранет минатата недела од огнено оружје додека се поздравуваше со приврзаниците во градот Хандлови, во напад што ги поттикна стравувањата од продлабочување на поделбите во политички поларизираната земја.

Фицо имаше две долги операции во болницата во градот Банска Бистрица, по што беше кажано дека неговата состојба е стабилна, но сериозна.

Во новото соопштение за Фицо, болницата денеска објави дека „развојот на здравствената состојба на премиерот е стабилна со мало подобрување“.

„Веруваме дека овој напредок ќе продолжи“, додаде болницата, без да елаборира за следните чекори во лекувањето на Фиц.

Неговиот најблизок политички сојузник, вицепремиерот Роберт Калинак, во средата рече дека Фицо засега ќе остане во болницата во Банска Бистрица бидејќи неговиот трансфер во друга институција „дефинитивно не доаѓа предвид“.

Обвинетиот вооружен напаѓач, идентификуван од словачките медиуми како 71-годишниот поет Јурај Цинтула, беше обвинет за обид за убиство и му беше одреден притвор на сослушувањето во саботата.

Според судскиот документ што го видел АФП, осомничениот рекол дека пукал во Фицо за да се спротивстави на владините политики во Украина.

Обвинетиот рече дека не се согласува со одлуката на владата да го укине специјалното обвинителство и да престане да испраќа воена помош за Украина, како и со наводниот прогон на медиумите.

Обидот за атентат ја шокираше Словачка, каде 59-годишниот Фицо ја презеде функцијата во октомври, откако неговата партија Смер победи на парламентарните избори.

По преземањето на четвртиот премиерски мандат, Фицо ги расипа односите со Украина.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

ГРАТЧЕ НА СИЦИЛИЈА: Нудат евтини куќи како „мамец“ за нови жители

ГРАТЧЕ НА СИЦИЛИЈА: Нудат евтини куќи како „мамец“ за нови жители

Лесја Украинка: Русија продолжува да го тероризира цивилното население на Украина

Лесја Украинка: Русија продолжува да го тероризира цивилното население на Украина