28 Септември, 2024
0.0258

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Франција, Емануел Макрон предупреди дека државата би можела да се најде на раб на граѓанска војна доколку на претстојните парламентарни избори победи крајнодесничарскиот Народен фронт (РН) или левичарската коалиција Нов народен фронт. Тој вели дека манифестот на РН и неговите решенија за справување со криминалот и имиграцијата се засновани врз стигматизација или поделба.

„Мислам дека решенијата што ги предлага крајната десница не доаѓаат предвид, бидејќи таа ги категоризира луѓето во однос на нивната религија или потекло и затоа тоа води до поделба и граѓанска војна“, изјави Макрон.

Тој на ист начин ја критикуваше и крајнолевичарската партија Франс ансумиз, која е дел од новата коалиција Нов народен фронт.

„И зад нивните ставови се крие граѓанска војна затоа што ги категоризираат луѓето само врз основа на нивниот религиозен поглед или заедницата на која припаѓаат, што на некој начин е средство за оправдување на нивно изолирање од пошироката национална заедница“, кажа Макрон.

Лидерот на Народен фронт, Жордан Бардела, кој е фаворит за иден француски премиер, изјави дека претседател не би требало да зборува такви работи, а коментарите на Макрон ги осуди и крајната левица.

Народен фронт во својот манифест вети дека ќе ја врати Франција на нозе, воведувајќи „неопходен закон против исламистички идеологии“.

Ривалот на Макрон, Марин ле Пен кажа дека изјавата на Макрон е заплашување на гласачите. 

foto printskrin

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот