28 Септември, 2024
0.0250

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Украина почна преговори со Европската Унија(ЕУ), а земјата се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година. 

Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина изрази очекување дека нејзината држава ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година. Според неа, доколку ЕК е подготвена, преговорите може да завршат и порано. 

„Многу се надеваме дека билатералниот дијалог ќе доведе до тоа Унгарија повеќе да не го блокира процесот на проширување на ЕУ“, вели Стефанишина.

Во име на белгиското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи Хаџа Лабиб го изрази своето задоволство што денеска почнуваат преговорите со Украина и Молдавија. 

„Ова е јасен сигнал до (рускиот претседател) Владимир Путин, кој се обиде да ја украде иднината на Украинците, но уште повеќе ги приближи до ЕУ“, рече Лабиб. 

Тој се сложува дека ова е историски ден. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата што е борба против руската инвазија.

„Денеска е историски ден. Никогаш нема да дозволиме да скршнеме од патот кон обединета Европа, кон нашиот заеднички дом на сите европски народи. Дом во кој мора да биде мир!“,  напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажа дека ова е добра вест за народот во Украина и Молдавија, но и за ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот