ФИФА отвора истрага за политичките пароли на Домагој Вива
Објавено во: Свет 08 Јули, 2018
Меѓународната фудбалска федерација ФИФА отвори истрага, откако синоќа хрватскиот репрезентативец Домагој Вида извика „Слава на Украина“ по победата на Хрватска против домаќинот Русија на пенали во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство.
ФИФА наведува дека отворила истрага по објавувањето на видео снимката на која се појавуваат Вида и скаутот на хрватската репрезентација, поранешниот репрезентативец Огњен Вукојевиќ. Вида извикнува „Слава на Украина“, а Вукојевиќ дека победата е „за Динамо и за Украина“. Тие своевремено заедно играа за Динамо од Киев.
„Додека не ги разгледаме сите информации, нема да го коментираме овој случај“, се наведува во соопштението од ФИФА, која забранува политички, дискриминирачки и лични пораки на натпреварите, па Вида би можел да биде казнет.