02 Мај, 2024
0.0280

Фифа: Пожарната е интервентна служба, а ни се укинуваат додатоците

Објавено во: Економија 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје е против владината одлука со уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај во јавниот сектор да биде вклучена и оваа фела.

Роберт Фифа, член на синдикатот на пожарникарите.за „Утрински брифинг“ вели дека тие се во првите борбени редови додека владее кризата со епидемијата и побара уредбата да не ги опфаќа нив, како што не ги опфаќа специјалните единици.

- Мислиме дека како што припадниците на специјалните единици „Тигар’’ и „Волци’’ во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации, а нив не ги опфаќа оваа уредба, така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така да бидеме третирани во овој случај, вели Фифа.

Тој додава дека во уредбата дополнително е изземена и затворската полиција, покрај припадниците на МВР, на одбраната и на здравството, но не и на пожарникарите, иако тие често работат трета смена.

- Ние спаѓаме во интервентни служби и нелогична е оваа одлука. Имаме и поддршка од Град Скопје. Има најави дека е можно да се промени таа одлука. Јас ссум сигурен дека ова решение било на еден или двајца луѓе. Затоа мислам дека треба да се размисли за негова промена. Упативме официјално барање да бидеме изземени, а имаме сознание дека тоа го направиле и синдикатите од други градови, додаде Фифа.




Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија