20 Декември, 2025
0.1411

Фијаско на Хрватска, Русите годинава ги нема на плажите

Објавено во: Балкан 25 Август, 2013 11:40

Добивај вести на Viber

Воведувањето на визниот режим фрли светлина врз голем број проблеми во билатералните односи меѓу руските туроператори и хотелиерите од Хрватска. Летната сезона 2013-та стана многу комплицирана за работа на руските туристички оператори кои досега работеа во Хрватска, пренесува хрватски Индекс. Откако беа воведени визи за Русите, продажба на туристички пакети за нив во Хрватска падна за 40 до 50 проценти. За руските туристи Хрватска отсекогаш била скапа дестинација, но сега Русите ќе треба да издвојуваат повеќе пари, бидејќи тие ќе мора да плаќаат виза. Што е уште полошо, Хрватска во моментов се соочува со неуспех и поради конкуренцијата од другите туристички дестинации, како Грција каде што неколку години по ред туристичката понуда е поевтина, пишува „Руски вјесник“. Проблемите во овој дел од туристичкиот пазар се поврзани и со особеностите на руско-хрватското партнерство. Имено, хрватските хотелиери сакаат со руските туристички оператори да работат исклучиво под условот„ празно за полно“. На овој начин тур-операторите е потребно врз себе да ги земат сите ризиците, а хотелите однапред си ја осигуруваат резервацијата. Руските тур-оператори се обиделе да добијат поконкурентна цена под условите на распределба (угостителот се обврзува на операторот да му остави на располагање одреден број на кревети под договорени услови) пред почетокот на сезоната, но и тука немало разбирање на хрватските хотелиери. Како резултат на тоа, некои руски компании се најдоа во ситуација каде што нивните загуби не беа во можност да ги компензираат за понатамошна работа. Така, една од најголемите компании на пазарот, го најави своето полекување. „Со цел да ги покрие настанатите загуби потребни се финансиски средства. Хрватска има свој постојан клиент кој се враќа секоја година. Но, јас не гледам можност дека пазарот планира сериозно да се зголеми следната година. Ќе мора да поминат неколку години пред бранот туристи повторно да почне расте ", вели Олга Војкина, директор за туризам во руската компанија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација