Филип Петровски се приклучи на фракција во ВМРО -ДПМНЕ, што му одговорија од партијата?
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 16:28
Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ најави окрупнување со нови здруженија и групации. Велат дека немаат намера да формираат нова партија и дека со демократски средства ќе ја реформираат партијата.
Остри критики за работата на ВМРО-ДПМНЕ упати и Филип Петровски. Рече дека кризата во партијата кулминирала со, како што рече, наместениот конгрес во Валандово при изборот на актуелниот лидер. Петровски го критикуваше договорот меѓу власта и опозицијата за реформските закони како и одлуката на пратениците да се вратат во Собранието.
„Господине Заев и господине Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ не треба да ви направи интерпелација, туку не смее да го признае господинот Талат Џафери за легитимен и во исто време треба сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат неотповиклива оставка од Собранието. Само на тој начин ќе биде предизвикана оваа ненародна власт која работи против интересите на Македонија и сите граѓани“- вели Петровски.
Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека партијата е демократска и дека секој којшто има различно мислење може да го каже.
Тие додаваат дека во нивниот статут нема предвидено фракционерско делување, како и дека тоа нема да го има и во новиот статут на кој се работи.
На Петровски му порачуваат дека нема кредибилитет да бара што било, затоа што, како што велат, тој не е член на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не го ажурирал членството.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор




