ФИЛИПЧЕ: Глобално расте бројот на смртни слуачаи, но епидемијата го достигна пикот
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020 11:07
Министерот за
здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги презентираше
најновите податоци за состојбата со коронавирусот и посочи дека евидентиран е
порастот на смртни случаи предизвикани од коронавирус, како на глобално ниво,
така и во Македонија.
-Глобално, расте бројот на смртни случаи, односно тој број изнесува 60.000 починати на неделно ниво. Сите земји во светот се соочуваат со истиот предизвик, пред сè со менаџирањето на болничките капацитети и недостаток на медицински персонал. Во регионот состојбата е слична, односно во Србија се бележат рекордни бројки, по 50 смртни дневно, а иста е ситуацијата и во Хрватска каде има 50 смртни случаи, во Словенија која е земја слична по број на население како Македонија има 1.767 нови случаи секој ден, а смртни случаи бележат по 46 дневно. И бугарскиот здравствен систем е совладан од наглиот пораст на пациенти. За жал евидентиран е порастот на смртни случаи и кај нас по, а по недели, од почетокот на ноемврви регистрираме 111, 149, 182 и 206, истакна министерот за здравство на денешната прес-конференција.
Сепак, тој рече дека епидемијата го достигна пикот минатата недела, па бележиме благ пад на нови случаи.
Во однос на болничките капацитети, како што напомена, сè уште постои притисокот, но легла има во сите ковид центри во земјава.
– Во внатрешноста има близу 1.000 легла на располагање во трите регионални центри Битола, Тетово, Штип. Во Скопје интензивно работевме на проширување на интерните клиники и обезбедивме околу 200 кревети. Последно е на Клиниката за уво, нос и грло, каде се уште нема пациенти, но може да се примат, а дополнително 160 кревети има во модуларните болници и 40 во болницата во Козле, појасни Филипче.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




