Филипче го разреши, а сега Зибери треба да го гласа: Ќе зборувам на седница
Објавено во: Македонија 25 Август, 2020
Арбен Зибери, новиот пратеник на ДУИ, за „Лајм“ рече дека своите забелешки ќе ги образложи на собраниската говорница, но не опткри дали ќе се изјасни позитивно за предлогот Венко Филипче да биде повторно министер за здравство во Владата.
Од утре се ичекува во Собранието да биде доставен предлогот за новиот владин состав, а Зибери е клучен пратеник во гласањето, бидејќи мнозинството има само 62 пратеници во Собранието.
– Кога ќе дојде време да гласаме за владата, ќе зборувам – вели Зибери.
Докторот пред изборите беше разрешен од министерот Филипче од функцијата директор на Центарот за јавно здравје во Скопје поради манипулирање со епидемијата за време на предизборната кампања.
Претходно, медиумите објавија дека Зибери е еден од незадоволните пратеници на ДУи со изборот на партиските кадри кои ќе ги предводат министерските ресори.