Филипче: Мигранти во јуни во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ избегнува да одговори
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 11:10
Ситуацијата е алармантна. Работата е навистина многу сериозна. ВМРО-ДПМНЕ ја издаде Македонија. Денови наназад, зборуваме за моделот кој е преземен од Србија. Моделот на Вучиќ што со години функционира таму, а речиси две години се применува кај нас во Македонија“, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Системот на корупција што со години функционира во Србија доведе во тоа токму поради корупција 16 луѓе да го изгубат животот. Истото се случи кај нас, 64 луѓе загинаа во Кочани. По првиот протест на младите, студентите на ФДУ, непознати лица кои подоцна се докажа дека членови на СНС на Вучиќ, по налог ги претепаа мирните демонстранти. Веднаш потоа започнаа напади врз новинари, газење на студенти со автомобили и физички пресметки со неистомисленици, насилни апсења на мирни демонстранти, постојани притисоци, контролирано обвинителство и разни криминални групи. После сето тоа, Србија се крена. Протестите траат една година, студентите бараат шест месеци. Вучиќ не ги распишува зошто знае дека ќе ги изгуби полугите на моќ и знае дека ќе одговараат и тој и партиските послушници. Ова сценарио го гледавме кај нас 10 години, за време на владеењето на Никола Груевски и Сашо Мијалков. За време на владеењето на ова исто ВМРО-ДПМНЕ кое денес ја крои судбината на Македонија. Груевски, кој од Будимпешта управува со Македонија“, вели Филипче.
Го осуди и нападот врз редакцијата на „Инфомакс“.
„Повиците на насилство резултираа со најголемиот медиумски инцидент, физички напад во живо на новинарите на „Инфомакс“ додека траеше програмата. Според информациите кои ги добивме, напаѓачот е член на ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотребата на власта и моќта синоќа ја видовме на дело. Слободата на граѓаните и медиумите е загрозена. Нема да чекаме да почнат да испраќаат тепачи и силеџии по домовите по српскиот модел. Српското сценарио на ВМРО-ДПМНЕ започна синоќа. Како што знаете, повеќе денови наназад предупредуваме дека премиерот Мицкоски договорил преземање мигранти во Македонија. Сите овие изминати денови бараме да одговорат дали е договорен план за преземање мигранти. Дали ќе им се дозволи и ќе им се даде престој, дали ќе им се обезбеди работа, дали потоа ќе добијат пасоши, дали ќе бидат сместени во шатори или ќе градат социјални станови. Одговор нема, но одговорот е јасен. Мигранти во јуни во Македонија. После вчерашното одбивање на Владата да одговори на британски „Тајмс“ за мигрантите, се потврди тоа што СДСМ изминатите денови го изнесува во јавноста“, рече Филипче.
Обвини дека фокусот се префрла на измислени вести, лажни обвиненија, пријави на се, само да се дефокусира јавноста од проблемот со мигрантите.
„По избегнување на премиерот да одговори, на сите ни е јасно што се подготвува. По нашето последно обраќање, кога прашавме дали ВМРО-ДПМНЕ сака да го потпише документот, Резолуција на предлог на СДСМ, со која владата и Собранието гарантираат дека нема да примаат мигранти и на тој начин ќе се реши оваа кризна ситуација, за да му дадеме гаранција на народот и да ги смириме загрижените граѓани. И после се ова, не само што не сакаат да одговорат, туку по стар модел фабрикуваат приказни. Избегнуваат да одговор „да“ или „не“. Сфативме дека „не“, ВМРО-ДПМНЕ, не сака да ја потпише Резолуцијата затоа што не може, затоа што се обврзале да примаат мигранти како дел од пакет договор за кредит, за да продолжат да распишуваат тендери и договори во четири очи за да ги трошат парите на граѓаните“, додаде Филипче.
Вели дека по моделот на Вучиќ, Мицкоски сака да го протне проектот мигранти за пари, да има избори на пролет и да се добијат уште четири години власт, за да се донесат мигрантите во Македонија.
„Синоќешниот напад врз медиум е само почеток на заплашувањето. ВМРО-ДПМНЕ не може да дозволи пред избори народот да дознае дека ја издале Македонија“, вели лидерот на СДСМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше
Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!
Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?
ПОВТОРНО БЛОКАДА НА ГРЧКИТЕ ГРАНИЦИ: Продолжуваат протестите на грчките земјоделци
МВР: Нападот во „Инфомакс“ го направило лице кое претходно лежело во Психијатриската болница Бардовци
Уапсени словачки навивачи, се тепале во авион на скопскиот аеродром
Синоќа повеќе институции извршиле контрола во „Зимзоленд“
(ВИДЕО) Нападната екипата на „Инфомакс“ во живо, лицето удирало со чаши, и го нападнало новинарот Милошевски
КАЗНИТЕ ЗА ВЛАДИНИТЕ ВОЗИЛА СТИГНУВААТ КАЈ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ: Како ќе се справи „Сејф сити“ со оваа ситуација?




