Филипче: Сите заразени се откриени во рана фаза
Објавено во: Македонија 19 Март, 2020
Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција рече дека сите заразени со коронавирусот се откриени во рана фаза.
Вели дека здравствениот систем добро ја менаџира состојбата, но голема улога имаат и граѓаните.
Министерот рече дека се мобилизирале уште кон крајот на јануари, кога била поставена термална камера на границите.
Филипче додаде дека редовно држи прес-конференција со цел јавноста да биде добро информирана.
„Ние сме подготвени дополнително да ги заостриме мерките“, рече министерот.
Заразени се 48 луѓе во земјава, а меѓу нив има и едно дете.
Штом ќе има потреба болницата „8-ми Септември“, ќе биде ставена во функција за згрижување на заразените.