Филипче: Вкупниот број на загинати лица е 13
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва изјави дека во „8 септември“ се примени 25 пациенти, од кои 3 се полесно повредени, 4 се на интензивна нега, и 2 се за хируршка интервенција.
Во Ургентен се примени 5, од кои 3 се со полесни повреди, а еден е за операција, и последниот е во загрозувачка животна состојба.
„Вкупниот број на загинати лица е 13“, вели Филипче.
Рече дека искрено жали за несреќата, и помогнале колку што можат. Се надева дека нема да има дополнителни компликации.
Седум се починати на лице место, кажа министерот.