21 Декември, 2024
0.0347

ФИЛИПЧЕ: ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага – дека ќе ги подобри преговарачките позиции

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче побара од владината коалиција да го презентира планот по кој ветуваа дека ќе ја движат државата напред. 

„Ниту Мицкоски, ниту целата владина коалиција ЗНАМ и ВЛЕН не кажуваат како оваа земја ќе продолжи напред, ниту со каква временска динамика. Дали постои друга алтернатива, дали има нешто ново или ќе останеме целосно изолирани како слепо црево на Балканот“, рече Филипче.

Според Филипче, францускиот предлог претставува комплексен сплет на документи, во кој влегуваат и преговарачката рамка и Договорот за добрососедство и според кој за прв пат во историјата на односите помеѓу Македонија и Бугарија прашањата помеѓу двете земји се издигнати на ниво на Европската Унија.

„Сметаме дека тоа што јасно ќе биде детерминирано бугарското малцинство во Уставот е сериозна придобивка бидејќи за прв пат после повеќе децении паѓа во вода еден дел од бугарската политика дека ние сме еден народ во две држави што значи дека од национални прашања на ниво на идентитет, тие прашања се сведени на ниво на малцинство“, потенцира Филипче.

Филипче презентираше информации што Социјалдемократскиот сојуз ги има добиено од Брисел, а кои говорат дека за време на состанокот помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел јасно било потенцирано дека не постои можност уставните измени да имаат одложено дејство, ниту пак дека постои можност за промена на преговарачката рамка.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага – дека ќе ги подобри преговарачките позиции на Северна Македонија со Европската Унија. Но, само во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски не само што не гледаме никаков напредок на тој план, напротив гледаме влошување на нашата позиција. Прво со Грција, а понатаму и со Бугарија за да дојдеме до ситуација во која е усвоена нова резолуција во бугарскиот парламент“, изјави Филипче.

Сепак, според Филипче, во отсуство на реална надворешна политика и волја за решавање на вистинските проблеми на граѓаните, власта ја дефокусира јавноста преку наводни закани за дестабилизација на државата додека возот за ЕУ ни бега. 

Мицкоски се пофали што сработеле за 100 дена. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ГИ ПРАША ГРАЃАНИТЕ КАКО ДА СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА - „фрчеа“ идеи, еве што тие му предложија