ОВОШКИТЕ ИЗМРЗНАА: Како сега ќе се снаоѓаат луѓето од Росоман и Ресен за егзистенција?
Објавено во: Македонија, Агробизнис 24 Април, 2025 07:55
Откако мразот направи штети на овошките во Росоман и Ресен, луѓето во овие краеви велат дека ќе мораат да се снаоѓаат, за да си обезбедат друг извор на приходи за опстанок. Мразот им нанесе штета, а загубите ќе ги чинат илјадници евра. Некои овоштари ќе си ја пробаат среќата, ќе бараат работа во соседните градови, други ќе аргатуваат или ќе одат во странство. Хрватска е една од државите каде одат на сезонска работа.
„Луѓето одат на сезонска работа и тоа локално, во Росоман, во Кавадарци, берат грозје и работат други работи. Работа има во август и во септември. Некои фамилии одат во Хрватска, најактуелна е, најпримамлива за работа. Грција не е толку популарна за работа, порано беше актуелна. Има измрзнување, поднесовме барања за надомест на штетите“, вели жител на Росоман кој поседува овоштарник.
Во Росоман скоро секое семејство поседува овошки. Но, луѓето се трудат да засадат и други култури, за да имаат од што да живеат.
„Јас сум погоден од мразот, ама како се снаоѓаат луѓето, се знае, одат во странство, во бавчи, во фолии си работат. Бараат други приходи. Има доста луѓе што работат во Кавадарци, се снаоѓа кој како знае и може. Знам за фамилии што имаат основна дејност земјоделство, и сега садат бостан, да остварат некој приход плус. Има доста овоштарници во Росоман, најмногу се работи тоа, праската доминира“, додава друг жител на Росоман.
Сопствениците на овоштарниците во Ресен и Преспа велат дека имаат големи штети и се надеваат на помош од државата.
„Повеќето јаболка се уништени, род ќе нема, многу тешко. Луѓето маки мачат, многу тешко ќе оди. Субвенции даваат, ама од нив не се живее, треба произодство да се има. Во рок од 5 дена двапати прскав, да се спаси нешто, но има доста штета. Не е лесно. Во Охрид, луѓето од Ресен можат да се снајдат нешто да работат сезонски, но тешко е. Одат и во Битола да работат. Одат секаде и во странство, најмногу се снаоѓаат сега во Хрватска преку лето“, објаснува Крсте Таневски, овоштар од Ресен.
Овоштарите велат дека ако сега не им се пружи заштита на дрвцата, идната година исто нема да има добар род. Не се знае дали сите овоштари ќе бидат во состојба да вложат во прскање на дрвцата.
Земјоделците велат дека годинава ќе има многу малку род, а овошјето ќе биде многу скапо. Измрзнаа кајсии, праски, цреши, јаболка.
„Дефинитивно е голем проблем. Луѓето сега немаат пари да ги одржуваат насадите. Катастрофа е. Некој ќе бега во странство, некој ќе сади нешто друго. Младите одат во странство. Државата ако поскоро помогне, ќе биде подобро. Јас имам засадено кајсија, цреша, праска, круша, слива, нема што немам, но 98 отсто измрзна. Ако требало 700 тони да наберам, сега само 30 тони ќе наберам“, вели Владо Орданов од селото Сирково, Општина Росоман.
Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, месецов изјави дека над 3.000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во студениот бран што ја зафати и Преспа. Сортата ајдарет е најзастапена во овој крај. Земјоделци од битолско се жалеа дека студот ги уништи и јагодите.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





