ФИТНЕС КЛУБ НА ПАРТИЗАНСКА РАБОТЕЛ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА - МВР најавува кривична пријава
Објавено во: Македонија 14 Април, 2021
И покрај тоа што е забрането, некои фитнес клубови „Тајно“ работат, но еден бил уловен од полицијата. За тоа веројатно ги известил некој од соседите каде што е лоциран клубот.
За ова МВР извести во својот билтен.
„На 13.04.2021, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош - СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул. ‚Партизански одреди' во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира Министерството за внатрешни работи во своето соопштение. .