14 Мај, 2024
0.0256

ФИТР: 455 домашни компании од јавниот повик за комерцијализација на иновации влегуваат во фаза на претселекција

Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

455 домашни компании од јавниот повик за комерцијализација на иновации влегуваат во фазата на прво оценување. Од овие компании, 207се микро, 221 мали, а 27 средни. 56% од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини од целата земја.

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е над 102 милиони евра, од што 67% се побарано учество на Фондот, додека 33% или нешто над 33 милиони евра се сопствени средства на апликантите. Иницијално предвидениот буџет за јавниот повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ го надминува над 13,5 пати.

При презентацијата на првичните резултати по затворањето на јавниот повик на крајот на мај, директорот на ФИТР, Јован Деспотовски тогаш нагласи дека “Овие рекордни бројки, од интересот на компаниите на јавниот повик, се знак на доверба во процедурите и инструментите на ФИТР, како и показател дека домашните компании имаат потреба од финансиска поддршка и се подготвени да инвестираат и сопствени средства во развој и иновации.“

Инаку, фазата на прво оценување (претселекција) е веќе започната и за истата се ангажирани 95 надворешни стручни лица во 22 економски дејности. Стручните лица се ангажирани на јавен оглас реализиран од страна на ФИТР во 2018 година. Нивна задача е да ги разгледаат и оценат проектите согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликант и влијание на проектот.

Секоја апликација се разгледува од три стручни лица одделно. Проектите кои ќе добијат минимум 51 поен во просек, преминуваат во финална фаза, во која Комитетот за одобрување на инвестиции-независно тело составено од тим од пет странски експерти ќе ја донесе конечната одлука за финансирање на предлог-проектите.

Јавниот повик се реализира во рамки на Планот за економски раст на Владата, во чие финансирање од оваа година се вклучи и Светската банка како финансиски партнер.


Можеби ќе ве интересира

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава