27 Април, 2024
0.0265

ФИТР: Со измените во Среднорочната програма нови можности за македонските компании

Објавено во: Економија 23 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Фондот за иновации и технолошки развој отвора нови можности и скратени процедури за македонските компании со измените на Среднорочната програма кои беа усвоени од Владата. Со овие промени, до крајот на годината предвидени се два нови повици - едниот наменет за технолошки развој и вториот за поддршка на стартап компании.

Со ребаланост на буџетот обезбедени се и зголемен обем на средства, односно околу 6 милиони евра за технолошки развој и дополнителни 1,5 милиони за стартап компании. Дополнително, заради рекордниот интерес на компаниите за повикот за комерцијализација на иновации (487 аплицирани инвестициски проекти), со измените во програмата се предвидува проширување на буџетот на повикот.

Со проширениот буџет, што сега изнесува 12,5 милиони евра, се очекува, само за овој повик, да се обезбеди ко-финансирање на проекти на 70 – 75 домашни компании. Вкупно, со овој и новите повици што ќе се реализираат до крајот на 2019 година се очекува околу 200 македонски компании да искористат финансиска поддршка преку третиот столб од Планот за економски раст на Владата, што го реализира Фондот.

Со програмата и новиот повик за технолошки развој, предвидено е воведување и на т.н. скратена процедура за аплицирање, што ќе важи за оние компании кои претходно аплицирале на повиците на Фондот и поминале две од предвидените три фази на проверка и евалуација. Целта е намалување на трошоците за компаниите, но и на Фондот и значително намалување на времето од аплицирање до одлука на Комитетот за одобрување на инвестиции.

Во моментов Фондот има над 240 компании корисници, со вкупно ниво на инвестиции од околу 40 милиони евра во домашниот приватен сектор, од кои над 17 милиони евра се сопствени средства на компаниите. Според првичните анализи на Фондот, направени на група од 52 компании корисници на средства, се бележи раст на просечните приходи на годишно ниво од 50%, раст на бројот на вработените за 27% и раст на платите за околу 40% во просек, во однос на периодот пред започнување со инвестицискиот проект.

Со измените во Среднорочната програма за работа предвидени се повеќе активности во делот на истражување и развој (воведување на нови инструменти за поддршка), продолжување со реализација на проектот за изградба на Научно – технолошки парк во Скопје, како и заокружување на концептот на Фонд за млади умови.Во голем дел од предвидените активности Фондот има меѓународни финансиски партнери, како Светската Банка, ЕУ Делегацијата, Велика Британија, Швајцарија, САД и други.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра