Физички нападната вработена во кумановскиот ургентен центар - 26 годишната девојка посочила едно лице
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2021
Вработена во Ургентниот центар во Куманово вчера била физички нападната од едно лице.
„На 30.07.2021 во 16:05 часот во СВР Куманово, А.Д.(26) од Куманово пријавила дека во 14.55 часот, додека била на работното место во Ургентен центар, била физички нападната од едно лице“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата, посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.