ФОКУС НA ДЕНОТ: Метлата на Заев, законите „на Иванов“, клеветења во ИВЗ
Објавено во: Македонија 24 Април, 2019
Задржувајќи го личното и институционално реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета. Ова го соопштуваат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи од каде демантираат вмешаност во последните превирања во ИВЗ.
https://www.faktor.mk/komisijata-za-odnosi-so-verskite-zaednici-se-chuvstvuva-naklevetena-od-redzepi
Законите кои претседателот Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише за да не стои под неговиот указ новото уставно име денеска беа изгласани повторно во Собранието на Македонија на седница која беше закажана единствено за таа намена помеѓу двата изборни круга.
https://www.faktor.mk/sobranieto-prorabote-srede-pretsedatelski-izbori-izglasani-zakonite-na-ivanov
Зоран Заев денеска истакна дека некои министри се многу бавни во администрирањето на проектите и дека го загубиле контактот со граѓаните и нивните потреби. Вели дека непосакуваниот резултат во првиот круг од претседателските избори не се должи на Преспанскиот договор и на Законот за употреба на јазиците, туку на разочараноста на граѓаните од одредени функционери и политики кои мора да бидат коригирани.
https://www.faktor.mk/zaev-nekoi-ministri-se-mnogu-bavni-vo-administriranjeto