05 Мај, 2024
0.0267

ФОКУС НА ДЕНОТ: Борисов се извини за „северномакедонски“, но што станa со ликот на Делчев?

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Се извинувам за северномакедонски, простете згрешив, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката конференција со премиерот Зоран Заев.

„Несакајќи го кажав но ви благодарам за прашањето. Медиумите го пренесоa тоа како да сум сакал да убијам некого. Сепак јас се извинувам. Простете. Името на државата е Република Северна Македoнија, а граѓаните се граѓани на Република Северна Македонија. 

Борисов ја употреби придавката северномакеднски на Форум во Сараево каде беше и претседателот Стево Пендаровски. Македонија одлучи да не праќа протесна нота. 

Бојко Борисов, премиерот на Бугарија и шефот на македонската Влада, Зоран Заев, на заедничка прес-конференција во Скопје рекоа дека е одлучено да се поттикнат историчарите од двете страни на заедничката комисија што е можно побргу да ги надминат спорните елементи и да дојдат до конечни решение, согласно договорот за добрососедство.

„Северна Македонија и Бугарија секој ден и покажуваат на Европа и на Светот. како се гради пријателство помеѓу два соседи. Денеска заклучивме дека треба да ги охрабруваме двете комисии да продолжат во изнаоѓањето решение Убеден сум дека делата на Делчев може само да не поврзаат. Продолжуваме да бидеме инвентивни во градењето на пријателство, тоа им го должиме на сите генерации кои доаѓаат по нас“, рече Заев.

Борисов наведе дека по две години откако е потпишан договорот се заокружени добри работи кои претходно биле незамисливи и се отворила огромна перспектива за Македонија на патот кон Европа.

Повторно е возобновен споменикот на загинатиот бугарски полковник во втората Балканска војна 1913-та година, Константин Каварналиев во Стар Дојран.

По повеќе од пет децении се прави возобновувањето. Спомен обележјето денеска го посетија и положија свежо цвеќе премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов. 

Каварналиев е полковник во бугарската армија кој загинал во 1913 година во Стар Дојран. Тој учествувал во српско-бугарската војна во 1885 година. Во Втората балканска војна е назначен за командант на 3-та бригада од пешадиска балканска дивизија.

Телевизија Телма стапи во контакт со Лилјана Тодоровска, чија идеја за изградба на центар за возрасни била пласирана преку невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13-ка. Таа на сметка добила и подигнала 720 илјади евра, а платила и персонален данок.

Таа за Телма вели дека 720-те илјади евра ѝ биле земени уште во банка од претставнциите на Меѓународниот сојуз на Боки 13, кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.

Полицијата во Малта објави дека младиот Македонец, Мартин Калинчев загинал од струен удар.

Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел, oбјавија тамошните медиуми

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува