08 Мај, 2024
0.0248

ФОКУС НА ДЕНОТ: Игор Спасов избегал во Турција, Македонија повторно се гуши од загаден воздух

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави локалниот Канал 77, а Штипскиот суд издал потерница по осудениот на 14 години затворска казна пред да ја доотслужи истата.

Според неофицијални информации, тој веќе ја напуштил државата, а избегал преку нелегални канали и во странство е под туѓ идентитет. Тој го искористил периодот на привремен отпуст за да го организира бегството од државата. Во ова, како што се дознава, голема помош имал од некогашните негови колеги полицајци.

– Игор Спасов е недостапен на органите на прогон. СВР Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија, изјави Јулијана Неткова, портпарол на Основниот суд од Штип.

Во топ 10 најзагадени градови во светот вечерва се Белград и Сараево. 

Белград се најде на 6-то, а Сараево на 9-то место, додека Скопје е на 13 место на листата на air visual. 

Според податоци од Мој воздух, вечерва во Куманово загадувањето не е алармантно, иако тоа се случуваше викендов

Продложува рочиштето за петкратното убиство кое на 12 април во 2012 година зави во црно пет семејства.

И денеска се презентираат СМС пораки поврзани со случајот „Монструм“ а дел од медиумите пренесоа дека во дел од пораките кои биле прочитани бил и разговор меѓу Али Ахмети и тогашниот министер, Џељал Бајрами.

Од разговорот станува јасно дека Бајрами, му вели на Ахмети оти убиството го сториле професионалци додавајќи дека целото убиство на него му изгледало како сцена од војната во екс Југославија.

Бајрами на Ахмети му вели дека убијците не оставиле никакви траги зад себе освен тие од гумите на автомобилот.

Ветото кое Макрон им го стави на Македонија и Албанија е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ а ставот на Франција е совршено јасен. Се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, кои се неопходни за напредок на европската интеграција, проширување не треба да има.

Ова го пренесува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“ кој го оценува ветото на францускиот претседател за Македонија и Албанија.

Весникот посочува дека Макрон направил историска грешка со тоа што стави вето на почнувањето пристапни преговори за двете земји од западен Балкан, но се потенцира дека сепак тоа никако не било поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција.

Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот останува со иста цена, поради поскапувањето на нафтата на светските пазари.

Ова е исходот од денешната одлука на регулаторното тело во однос на новиот ценовник за цените на горивата кој стапува на сила од ноќеска на полноќ.

Ставен е под контрола пожарот во околината на Крушево. 

Вечерва градоначалникот Томе Христоски се заблагодари на армијата и информираше дека пожарот е локализиран

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава