26 Април, 2024
0.0304

ФОКУС НА ДЕНОТ: Изгласан е Законот за ЈО, по што Собранието се распушти

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Од 116 присутни, 80 пратеници гласаа „За“ при повтореното гласање за Законот за јавно обвинителство. 

Шест пратеници беа „против“, а воздржани немаше. 

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ побара збор и од говорница викаше „Криминалци“. 

Мицевски бараше да се уважи првото гласање, и му рече на спикерот Талат Џафери дека нема право да го поништи првото гласање

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференција изјави дека начинот на кој се донесе Законот за јавно обвинителство е врвот на хибридниот режим.

Вели дека Законот за зашитата на криминалот на Заев не помина

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево на прес - конференција изјави дека со донесување на Законот за јавно обвинителство е ставен уште еден темел за неселективна правда. 

„За тоа се изборија две третини од пратениците во Собранието“, рече Заев. 

Вели дека пратениците ги победиле притисоците и придонеле за европска иднина. 

Според Заев ова е историска победа против криминалот и крадењето на пари

Инцидент имаше денеска на седница во Собранието. 

„Никогаш повеќе името да не ми го споменуваш“, викаше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и удираше на масата пред колешката Нола Исмајлоска-Старова. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја смируваа нивната колешка, тргајќи ја настрана

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил ги повика ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог за нов министер за труд и социјална политика, откако беше разрешената Рашела Мизрахи.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, и рече дека за законот треба бадентерово мнозинство.

„И самиот Џафери кога најавуваше дека ќе се гласа со апсолутно мнозинство, рече дека треба дополнително бадентер. Ние го забележавме овој пропуст, но чекавме да се распушти Собранието и да ја известиме јавноста“, вели пратеникот. 

Од партијата го повикаа претседателот Стево Пендаровски да не го потпише овој закон

Претседателот  на државата, Стево Пендаровски, денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието, соопштија од неговата прес-служба.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ова е време кога екс премиерот Зоран Заев се ослободува од поткуп. 

„Гледаме како премиер се фали дека спонзорирал и знаел за рекет машинеријата на Јовановски, кога осудени криминалци се пуштаат на слобода. Кој одговараше овие три години додека Заев е премиер? Криминалците направија сојуз со власта, слугите на Заев си ги заштитија бизнисите преку тоа партнерство“ - рече на денешната прес-конференција  Мицкоски.

Нема правда ниту мир, додава тој и наведува дека избега Игор Спасов од затвор, родителите за убиените на Смилковско езеро не ја дознаа вистината како што ветуваше Заев

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“