Фокус на денот: Кој ќе побара амнестија, а кој ќе има пониска плата од јануари, Беља во бељи
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2018
Законот за амнестија кој го изгласа Собранието стапи во сила откако беше објавен во Службен весник. Указот го потпиша и претседателот Ѓорѓе Иванов .
Законот за амнестија доби поддршка од 95 пратеници на 18 декември и сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година имаат рок од пет работни дена да поднесат барање за амнестија.
https://faktor.mk/ivanov-go-potpisha-zakonot-za-amnestija-stapi-vo-sila
Работодавачите ќе го покријат зголемувањето на социјалните придонеси предвидено за од јануари следната година, па тоа зголемување нема да се одрази на висината на платите на вработените, велат од Организацијата на работодавачи на Македонија.
Инаку, придонесите се зголемуваат за 0,5 отсто. Од нив во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе одат 0,4 отсто, а во Фондот за здравствено осигурување 0,1 отсто. Министерката Мила Царовска рече дека вака дефицитот на пензискиот фонд од 310 милиони евра ќе се намали на 275 милиони евра.
https://faktor.mk/kje-ja-namalat-li-januarskata-plata-zgolemenite-penziski-pridonesi
Најмалку пет луѓе загинаа во страотната сообраќајка која се случи утринава кај Ниш, а во која воз удрил автобус.
Меѓу настраданите има и деца, а повеќе од 30 се повредени.
Неофицијално повеќе од 10 се во животна опaсност.
https://faktor.mk/video-stravichna-nesrekja-kaj-nish-voz-udri-vo-avtobus-i-go-prepolovi-ima-zrtvi
Загаденоста и денеска на високо ниво. Во земјава граѓаните се гушат и оваа зима. Вечерва Кичево е многу високо загаден, заедно со Битола додека 158 ПМ има на 100 микрограми во Кичево, а во Битола се измерени 156 ПМ на 100 микрограми.
https://faktor.mk/iznenaduvanje-ovoj-makedonski-grad-za-prvpat-mnogu-visoko-zagaden