18 Мај, 2024
0.0273

Ќе ја намалат ли јануарската плата зголемените пензиски придонеси?

Објавено во: Економија 21 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Од први јануари почнува примената на сетот мерки за реформи на  пензискиот и даночниот систем. Со една мерка се предвидува зголемување на придонесот за пензиско и здравствено осигурување, па работодавците ќе ја пресметуваат јануарската плата со стапка повисока за 0,5 отсто во споредба со претходните месеци.  Според објаснувањето на министерката за труд и социјала Мила Царовска, оваа нова повисока стапка треба да донесе од секој вработен од 100 до 200 денари повеќе во пензискиот и во здравствениот фонд, во зависност од висината на платата.

Се поставува прашање, врз чиј грб ќе падне овој трошок, на работникот или на работодавецот? Формално- правно, бидејќи кај нас се применува моделот на исплата на бруто плата, сите вработени од идната година би требало да примаат пониска нето плата за овие 100- 200 денари, односно нето платата е тоа што ќе остане откако од бруто платата ќе се издвојат сите придонеси и задршки на вработениот.

Но, од Организацијата на работодавачи на Македонија, како еден од партнерите во Социјалниот совет, доаѓаат добри вест за работниците. Претседателот на ОРМ, Ангел Димитров уверува дека тие ќе ја покријат оваа разлика, со цел платите на работниците да останат непроменети.

- Како дел од Социјалниот совет, заедно со Владата и Синдикатот, дадовме подршка за оваа реформа. Прво, затоа што пензискиот фонд навистина е во катастрофална состојба и мора да го поставиме на стабилна основа бидејќи еден ден сите ќе бидеме пензионери. Втората причина е тоа што Владата беше внимателна при законската измена и не отиде со висока стапка туку само со 0,5 отсто. Овој процент не треба да е проблем и преголем финансиски товар за работодавците да го покријат од сопствени извори- вели Димитров.

Според него, во моментов Македонија се соочува со поголем проблем, а тоа е недостиг од квалификувана работна сила, па затоа и не треба да се очекува наламување на платите.

Инаку, од овие 0,5 отсто во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе одат 0,4 отсто, а во Фондот за здравствено осигурување 0,1 отсто. Со овие реформи, според Царовска дефицитот на пензискиот фонд од 310 милиони евра ќе се намали на 275 милиони евра.

- Дефицитот во ПИОМ е зголемен за 150 отсто и изнесува повеќе од 19 милијарди денари. На тоа влијаеа политиките за ослободување од придонеси, намалување на придонесите, а не се зголемија платите. Имаше ад хок зголемување на пензиите без соодветна анализа. По спроведување на реформите очекуваме долгот на ПИОМ да се намали на 16,9 милијарди денари- рече Царовска.

М.Б.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра