08 Мај, 2024
0.0334

ФОКУС НА ДЕНОТ: Полицијата преземa мерки за „Јавна соба“, во регионот страв од коронавирусот

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „Јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје. 

Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. 

„Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР. Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата“, стои во соопштение објавено на веб сајтот на МВР

Текстот за предлог законот не е идеален, но е солиден, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи на јавната расправа за Закон за Јавно обвинителство.

Таа додаде дека подобро би било во вакви ситуации, обвинителот од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да постапува и во апелација

Новиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев вели дека поради лоши планови и анализи во МВР фалат обрасци за лични документи. Тоа се случува со пасошите, а недостасуваат и возачки дозволи кои ќе стигнат на крајот на месецот. Додаде дека проблемот е решен само со личните карти.

Сите очи во светот се свртени кон Кина, земјата која во моментов се бори со смртоносниот коронавирус. 

Но, додека чекаме да видиме дали постои решение за овој сериозен здравствен проблем, се поставува прашањето дали овој вирус може да се пренесе преку нарачките од Алиекспрес кои поминуваат илјадници километри

Младата жена ја нема веќе десет дена, а во јавноста останува мистерија што се случило со неа.

Марија Брзакова исчезна на 18 јануари годинава и струмичката полиција неуморно трагаше по неа, а во потрагата се вклучија дури и специјални полициски тимови, полициски кучиња трагачи, доброволци граѓани, но и ловџии од ловното друштво Босилово, кои ја бараа дури до бугарската граница.

Македонските граѓани со години за зимување одбираат дестинации во соседството, а помал е бројот на оние кои одат на скијање во земјава.

Од туристичките агенции велат дека граѓаните ја бираат Бугарија поради прифатливите цени, но и богатата понуда

Монетарците не се толку големи оптимисти како македонските власти кога станува збор за растот на економијата. Тие за годинава ни прогнозираат стапка на пораст од 3,4 отсто, за разлика од Владата која направи похрабра проекција, и се надева дека домашната економија ќе порасне за 3,8 проценти.

Вкупно 210 пријави за неисплатен К-15 пристигнале од работници до Државниот трудов инспекторат во текот на 2019 и првиот месец од 2020, но до сега не е казнет ниту еден работодавач за неисплатен регрес.

Осум компании здруженија направиле приходи поголеми од половина милион евра, а нивна основна дејност се технички прегледи и регистрација на моторни возила. Освен две друштва кои се наследени од поранешниот систем играта ја водат и неколку други компании основани од независноста на Македонија

Се делат пари за плати надоместоци, за стоки и услуги и трансфери, па последно и за капиталните трошоци. Експерти за Фактор го анализираат трендот на слаба реализација на парите од буџетот наменети за суштествените капитални проекти кои со години назад не се дотрошуваат.

Можеби ќе ве интересира

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција

Касами: Уште утре можеме да ја објавиме новата владина коалиција

,,КЕКСИ И МЛЕКО ДА НЕ ТРЕБА? Се огласи Јанушев на фејсбук

,,КЕКСИ И МЛЕКО ДА НЕ ТРЕБА? Се огласи Јанушев на фејсбук

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ќе имаме околу 60 илјади гласа, потврдивме минимум пратеничка група

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Ќе имаме околу 60 илјади гласа, потврдивме минимум пратеничка група

ДАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕМЈАВА - Граѓаните се одважија, покажаа отпорност на притисоците

ДАВКОВА ЌЕ БИДЕ ПРВАТА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЗЕМЈАВА - Граѓаните се одважија, покажаа отпорност на притисоците

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата

КОВАЧЕВСКИ ПРИЗНА ПОРАЗ: Ќе има внатрепартиски избори, ќе се менуваат сите на функции во партијата

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места

ЕВЕ ПО КОЛКУ ПРАТЕНИЦИ БИ ИМАЛЕ ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4: ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 13 пратенички места