02 Јуни, 2024
0.0325

ФОКУС НА ДЕНОТ: Прекрстен Музејот на ВМРО, топката за СЈО се префрла во Собранието

Објавено во: Македонија 05 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Официјалното име на музејот досега беше Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, а отсега ќе нарекува Музеј на македонската борба за самостојност.

Тој е една од 136-те институции кое доби ново, променето име 

Владата на денешната седница ги утврди новите имиња на институциите финансирани од Буџетот. Ова е во согласност со Договорот од Преспа.

Владата на Република Северна Македонија на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

Новиот предлог-закон со кој се регулира работата на Специјалното јавно обвинителство помина во Владата. Сега  текстот треба да се достави до Собранието. 

Премиерот Зоран Заев повторно треба да обезбеди 2/3 мнозинство, за законот кој, како што вели е еден од последните услови кои ЕУ очекува да ги исполни Северна Македонија.

Заев изјави дека следните денови ќе разговараат со опозициските партии со цел да добие нивна поддршка за новиот закон.

СЈО станува дел од јавното обвинителството – тоа е една од главните точки на законското решение кое како предлог помина на владина седница. Така се обезбедува натамошно функционирање на институцијата која во изминатите години процесираше низа предмети поврзани со незаконски дејства што произлегоа од нелегално прислушуваните разговори.

Грипот однесе уште една жртва во земјава. 

Дете на возраст од 14 години почина од грип на Инфективната клиника. 

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете. Претходно детето боледувало и од церебрална парализа, велат од Министерство за здравство.

Податоците од Институтот за јавно здравје, покажуваат дека до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.

Ова е петти регистриран смртен случај од грип сезонава.

Можеби ќе ве интересира

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ за внатрешна употреба

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ за внатрешна употреба

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура

Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура

Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука

Гаши: Не сум прекршил ништо, тоа беше техничка одлука

Обвинителството со истрага за седум дилери, од вкупно 28 кои ги уапси МВР

Обвинителството со истрага за седум дилери, од вкупно 28 кои ги уапси МВР

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

ТУНТЕВ ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО АЦВ - раководи со оваа институција од 2019 година, доби и втор мандат

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

И АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ - не може да бидат и премиер, министри и пратеници, еве што велат за прекршителите

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан

„На крајот ќе видите, ќе ги внесат Бугарите во Уставот“: Крмов вели народот е повторно излажан