08 Мај, 2024
0.0256

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пропадна лидерската, договор нема, Заев и Мицкоски си разменија остри зборови

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски заедно со преговарачките тимови не успеале да најдат компромис околу Законот за ЈО. Ова е епилогот од средбата која траела речиси седум часа а од која немаше ниту една изјава за медиумите.

Лидерската средба која беше јасен контекст дека низ политички дијалог може да се дојде до решение за некои работи вклучувајќи го и Законот за ЈО и другите прашања е без напредок.

Разочаран сум од лидерската средба и и од однесувањето на опонентите, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, рече денеска лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Сепак вели дека има надеж оти решение може да има, ако партијата од другата страна, како што рече, излезе од заробеништвото.

„Имав надеж дека ќе успеат да ја сменат матрицата и ќе излезат од заложништвото на нивните претходници. Не отстапуваат од матрицата – груевизам до доцна во ноќта. Колку и да сакаме да постигнем напредок колку и да бидеме попустливи, кај Мицкоски се се сведува на едно барање, запирање и крај на случаите од претходниот  режим. Жал ми е што живеат заробени, не успеваат да видат дека сега е моментот да покажеме дека сме за правна држава, рече Заев.

Тој објасни дека ВМРО ДПМНЕ барало да се запрат сите предистраги и истраги на предметите по 30 јуни, но и ако се формира ново обвинителство кое че го води обвинител на предлог на опозицијата, сите предмети досегашни да се префрлат под ова обвинителство. Тоа вели Заев, е нивната црвена линија и тврди дека нема да прифати вакви барања.

На стартот на прес конференцијата лидерот на ВМРО ДПМНЕ првично им се извини на новинарите за долгата средба и кои решија да си заминат, како што рече по однесувањето на ВМРО ДПМНЕ кое вети дека нема да се повтори.

Христијан Мицкоски ја одржа прес конференцијата по премиерот и рече дека чекал Заев за да ги изнесе невистините за текот на вчерашната средба.

„Сите информации се лага од еписки размери, измислици која цел е да се дефукусира јавноста а СДСМ се луѓе кои бегаат од правда . Сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во криминал“, рече Мицкоски.

Опонентот на Заев посочи дека сака да информира за вистинското однесување на целата средба од вчера.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева иако поднесе оставка и поминати се сите редовни процедури од Советот на јавни обвинители до Комисијата за именувања во Собранието, денес се спаси од разрешување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава