18 Мај, 2024
0.0402

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ребалансот презентиран, Јанева остана без адвокат, Ременски ќе даде исказ за „Рекет“

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

50 милиони евра е кратењето на буџетот кога станува збор за капитални инвестиции. 

Премиерот Зоран Заев рече дека ова е чесен ребаланс. 

Скратени се пари во секторот образование, за средни училишта и за универзитетите, за болниците во Кичево и Штип, и други проекти. 

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска соопшти дека два-три советници се потврдени, но наскоро ќе го презентира својот тим пред јавноста. 

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека со ребалансот на буџетот, се водело сметка за развојната компонента. 

Најави повисоки плати за вработените. 

„Вложуваме во луѓето, затоа што за економијата се најважни луѓето“, рече Заев. 

Тој рече дека ќе има раст на економијата. Заев вели дека буџетот ќе дистрибуира повеќе пари кај граѓаните. 400 милиони денари се одвоени за субвенционирање на придонесите. 183 милиони денари одат за колекторскиот систем и заштита на Охридското Езеро. Премиерот додаде дека се зголемил бројот на вработени во земјава, а од септември административците ќе земаат повисоки плати за 5 отсто. Лозарите побрзо ќе ги добијат парите за грозјето, најави Заев. 

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска вели дека мерката со субвенционирани придонеси ќе овозможи компаниите да ги задржат квалитетните кадри. Оваа мерка ќе трае три години, а ќе почне од октомври. 200 милиони денари се одвоени за активни мерки за вработувања. Ќе се стимулира производството да биде поатрактивно за младите

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која е осомничена во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор, остана без адвокат.

Адвокатот Стеван Павлески го откажал полномошното на Јанева. 

За тоа дека тој беше бранител на Јанева и бранител на Цветан Панделевски во случајот „Империја“ на СЈО, обвинителката Вилма Русковска имаше сериозна забелешка. Павлески тогаш вети дека ќе го откаже полномоштвото на Панделевски и дека ќе докаже дека Јанева е жртва.

Поранешната функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, утре треба да даде исказ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“, дознава „Плусинфо“.

Пратеничката на владеачката партија е почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски Боки 13. Таа веќе ги демантираше гласините дека заедно со нејзиниот сопруг е вмешана во аферата во која засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“