29 Март, 2020
0.0454

ФОКУС НА ДЕНОТ: Tajни агенти го снимале Боки 13, Заев маршираше за правда

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Со возило одел во домот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, но не знаел дека го снимале тајните агенти на Министерството за внатрешни работи. 

Минатата година, точно на први јули, Бојан Јовановски бил снимен како со возило „ленд ровер“ се упатува на улицата каде тогаш живееше обвинителката, а сега обвинета во случајот Рекет.

Имало специјална екипа на МВР што го следела Боки 13. Тој неколку пати бил во МНТ, во ресторанот „Лајт“, а за цело време бил совозач, додека возач му било машко лице на возраст од триесетина години.

Со возило „рејнџ ровер“, според снимањата кои од МВР ги правеле тајно, а на барање на ОЈО, Јовановски доаѓа и заминува од домот на неговите родители во населбата Тафталиџе 1, а бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, бил снимен во „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“ и во ресторан во Скопје.

Знамето на НАТО пред Собранието на Северна Македонија нема да му донесе победа на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на предвремените парламентарни избори на 12 април, тврди грчки Катимерини во својата синоќешна анализа. Според највлијателното грчко издание, граѓаните ќе гласаат или нема да гласаат, пред се, водејќи се од своите материјални потреби и очекувања.

„Знамето на НАТО веќе е кренато во дворот пред Собранието во Скопје, иако пристапниот протокол останува да биде ратификуван од страна на шпанскиот парламент. Иако парламентот на Северна Македонија треба, како што се очекуваше, да биде последен што ќе го одобри, сепак Зоран Заев, во консултација со другите партии и очигледно со Брисел, го донесе на гласање на почетокот на неделава.

Tри најважни проблеми со кои се соочуваат граѓаните се ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста. Со нив подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а подобар премиер би бил Зоран Заев. Ова го покажува најновото испитување на јавното мислење на Агенција Рејтинг.

Министерството за култура одобри 7,5 милиони денари (над 120.000 евра) на Установата за уметнички дејности „Скопски Џез Фестивал Скопје“ за реализирање на двата фестивала кои традиционално се под организациска „капа“ на Оливер Белопета. Конкретно, парите се наменети за популарните културно-уметнички манифестации „Скопски џез фестивал“ и за „ОФФест“. 

Утре ќе се наврши точно еден месец како нема ни трага ни глас од малдата Марија Брзакова од струмичкото село Босилово. 

Фактор се интересирапе дали од Обвинителството, односно конкретно во струмичкото обвинителство, има некакви нови моменти околу Марија, но оттаму велат дека нема ништо ново. А кога ќе имаат било какви информации, за тоа ќе ја известат јавноста.

Претседателот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев од Маршот за правда порача дека сега правосудството е на потег, откако Собранието донесе лепеза на закони. 

„Собранието вчера отвори ново поглавје во правосудството“, рече Заев. 

Вели дека зад Законот за ЈО, застанала стручната јавност, но и нашите пријатели од странство. 

Тврди дека сите предмети од СЈО ќе имаат правна разрешница. 

„На обвинетите ќе им се суди врз база на докази. Нема скриена амнестија за никој, ниту за стари, ниту за нови случаи. Нашиот народ е желен за брза правда“, изјави Заев. 

Соња Мираковска, која беше дел од Парламентот како пратеник изјави дека правдата не е завршена, но таа е систем

Македонија, Бугарија и Косово, имаат најнизок данок на личен доход во регионот. 

Притоа, Македонија и Бугарија персоналецот го наплатуваат по стапка од 10 отсто, и тој важи за сите граѓани, без разлика на висината на нивните примања. Тоа значи дека двете држави имаат рамен данок, наспроти другите земји, кои имаат прогресивен данок на личен доход, што значи дека оние што имаат повисоки заработувачки, плаќаат данок по повисока стапка.

Во последните неколку години гасификацијата е еден од приоритетите на македонската влада. Постигнати и потпишани се договори за зголемување на процентот на енергија што земјата ја користи од таканаречениот „природен“ гас

Шефот на кабинет на актуелната министерка за финансии, Нина Ангеловска, Олимпија Христова Заевска информира дека си заминала од оваа позиција од лични причини.

Таа соопшти дека наскоро ја очекува нов професионален ангажман каде ќе се фокусира на дизајнирање на модели и политики кои треба да помогнат на земји како Северна Македонија и други земји во развој да ги применуваат технологиите на Четвртата индустриска револуција во приватниот и јавниот сектор

Апарати за домаќинство, разновидни алати, електроелементи и електроматеријали, санитарни елементи, најразлични типови и видови плочки, елементи за во кујна, бања, алати, реквизити и елементи за уредување и одржување дворови. Се ова да го има на само едно место. Во Македонија ретко кој може да се пофали дека може да ги понуди сите овие предмети, средства, материјали, уреди, алати и машини на едно место.

Незаконско, но и скандалозно работење на Бирото за регионален развој. Државниот завод за ревизија нотира низа фрапантни неправилности, непочитување на законите, авансно трошење на парите од владини програми без покритие, нејасни процедури за плаќање режиски трошоци. Државна институција за која малку се знае, низ последниот извештај на ревизорот е најсоодветен пример како функцинира јавниот систем. Кој како троши, а не одговара.

Можеби ќе ве интересира

Две лица починале од Ковид-19 во Македонија, едниот 31-годишник

Две лица починале од Ковид-19 во Македонија, едниот 31-годишник

Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница

Филипче најави разрешување на директорката на Охридската болница

Следете во живо, прес-конференција на министерот Венко Филипче

Следете во живо, прес-конференција на министерот Венко Филипче

Владата објави комуникација помеѓу Мицкоски и Рашковски и демант за наводни провизии од чартерите

Владата објави комуникација помеѓу Мицкоски и Рашковски и демант за наводни провизии од чартерите

Министерот за одбрана Ристовски: Приклучете се на шампионскиот тим, купувајте македонски производи

Министерот за одбрана Ристовски: Приклучете се на шампионскиот тим, купувајте македонски производи

Се зголеми забраната за движење, се зголемија и прекршоците

Се зголеми забраната за движење, се зголемија и прекршоците

Оштетувале табла со новото уставно име на граничниот премин Деве Баир

Оштетувале табла со новото уставно име на граничниот премин Деве Баир

Самир Љума, снимателот на „Медена земја“, во државен карантин

Самир Љума, снимателот на „Медена земја“, во државен карантин

Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус

Третиран првиот пациент во ГОБ „8 Септември“ од корона вирус