26 Април, 2024
0.1873

ФОКУС НА ДЕНОТ: Taткото на Боки 13 доби затворска казна, власта ја разгледува методологијата за ЕУ

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Минимална казна затвор доби Миле Јовановски.

За нападот врз свештеникот таткото на Боки13 ќе лежи затвор од шест месеци. Нему му се закажуваше затворска казна од шест месеци до 5 години.

Пресудата доаѓа по признавањето вина на Јовановски кој го призна делото иако не целосно.

„Го признавам делото, иако не во целост. Никој не вршеше притисок врз мене да признаам. Да, во целост ќе ја платам штетата на оштетениот“, одговараше Јовановски на прашањата на судијката Александра Ристевска на последното судско рочиште.

Инцидентот се случи на 7 јануари 2017 година во дворот на оштетениот Стојчев кога Јовановски го нападнал попот со тупаници а потоа и со нозете

Вицепремиерот Бујар Османи, со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, денеска разговараа за новата методлогија за прием во ЕУ. 

Османи имал можност да го добие документот. 

На прво читање, Османи вели дека има позитивни работи. 

„Овој документ излегува многу брзо по октомврискиот самит, што е добро, и таа динамика веднаш се раздвижува“, вели Османи. 

Второ што е многу важно е дека француската држава, јасно кажала дека нема алтернатива, вели тој. 

Османи вели дека реверзибилноста е позитивен момент, иако предизвикува страв. Tој додаде дека како политичари немаат право на емоции, туку треба да го европеизираат општеството. 

Тимоние рече дека е среќен што ги слушнал коментарите на Османи.

Министерката за правда, Рената Десковска, по средбата со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост, Вера Јурова, на која се разговараше за реформските процеси што се одвиваат во земјава, рече дека Македонија како држава не даде никаков повод за неотворањето на пристапните преговори со Европската унија на последниот Самит во Брисел.

„Неотворањето на преговорите не е заради забелешки во сферата на правдата. Секој што ги прочитал извешптаите, ќе види дека се што било како услови од наша страна е исполнето. Ние како држава не дадовме никаков повод за тоа“, рече Дескоска.

Министерката потврди дека на состанокот со Јурова било отворено прашањето за ветинг во судството и дека биле изнесени аргументите како основа за овој процес.

Грујевски избега во Грција заедно со Никола Бошкоски, кога требаше да бидат притворени со одлука на Врховниот суд. 

А во меѓувреме, Грујевски си нашол и работа на грчки остров, велат извори блиски до неговото семејство, објави порталот СДК.мк. Тој работел како пекар во кујна во ресторан на островот, чие име не го кажуваат соговорниците.

Државни институции, министерства, општини, здравствени установи и јавни претпријатија, во моментов вкупно должат 279 милиони евра. Последниот извештај на Министерството за финансии за септември годинава говори дека доспеани, а неплатени обврски имаат дури 1.162 трошачи на јавни пари.

Жесток раст на вредноста на кредитното портфолио (10 отсто за 9 месеци н.з.), силно зголемување на приходите од камати. Очекувано зголемено ниво на резервации, но во плус од загуби заради оштетување на нефинансиски средства, се ова дава простор на оптимизам кај акционерите на „Уни Банка“.

За 17 години колку што постојат,подготвиле и послужиле над 15 милиони оброци – секојдневно од нивните кујни излегуваат оброци за 9.000 вработени во пет големи мултинационални компании.

Инспекторатите за земјоделство и за животна средина биле најригорозни во досегашната евиденција на Инспекцискиот совет оваа година кога станува збор за поднесените кривични пријави.

Оперативната добивка пораснала за 2 отсто и изнесува 64.500 евра, во услови кога приходите од продажба се намалени за 15 отсто. Нето добивката расте пред се благодарејќи на дивидендата од 233.000 евра.

Стигнаа првите критики до Владата од Меѓународниот монетарен фонд, иако искажани во дипломатски манир

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица