09 Декември, 2025
0.0281

„Фолксваген“ ја соопшти одлуката: Македонија и Србија отпаднаа

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019 10:47

Добивај вести на Viber

Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Србија и Македонија, а наскоро ќе одлучи меѓу Турција или Бугарија, за инвестиција од околу 2 милијарди евра.Во конкуренција за инвестицијата на германскиот гигант беа Србија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија. 

"Фолксваген" ги именуваше Турција и Бугарија како двајца финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили. На почетокот на годината, VW објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.

Првично, листата на потенцијални домаќини на компанијата вклучуваше пет земји, но компанијата оттогаш го намали изборот до Турција и Бугарија.

Во текот на изминатите три месеци, официјални лица од германскиот производител на автомобили ги посетуваат и одржуваат разговори во двете земји-кандидати. Германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung извести дека Херберт Диес, претседател на одборот на директори на VW, минатата недела престојуваше во посета на Турција, на разговори околу инфраструктурните прашања на една постројка што производителот на автомобили може да ја воспостави во западниот дел на Маниса.

Извештајот, исто така, сугерираше дека Диес најверојатно имал разговори со владини претставници во главниот град Анкара. Според извори, VW може да објави конечна одлука во корист на Турција во рок од две недели. Покрај тоа, во планираната фабрика во Турција, производството на Seat Ateca, Skoda Karoq и други модели е на агендата на компанијата.

Извори, исто така, сугерираат дека планираната фабрика во Маниса ќе има годишен производствен капацитет од 300.000 возила, додека весникот од Германија ја стави големината на инвестицијата од 2 милијарди евра.

Последен пат Турција виде големи инвестиции во автомобилската индустрија во 1997 година од страна на Тојота и Хонда. Во изминатите 22 години, ниту една друга компанија не инвестирала во земјата.

Ако VW произведува модели со висока додадена вредност како што се Passat и Suberb, тоа ќе биде важен чекор напред за Турција.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НЕМА ВЕЌЕ РАБОТА НА ЦРНО: Стапува на сила законот за сезонско работење

ОД ПРВИ ЈАНУАРИ НЕМА ВЕЌЕ РАБОТА НА ЦРНО: Стапува на сила законот за сезонско работење

ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод

ХОЛАНДСКИОТ СУД ГО ЗАПЛЕНИ ИМОТОТ НА ОПЕРАТОРОТ НА ТУРСКИ ТЕК: Уште еден напад врз турскиот гасовод

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат

НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат

ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји

ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ