02 Јуни, 2024
0.0289

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува нови 42 стипендии

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ дванаесетта година по ред, доделува стипендии на студенти на Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. 

Годинава, доделени се 42 нови стипендии на 22 студенти на Фармацевтскиот и 20 студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. 

Согласно објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2019/2020 година е усвоен од страна на Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од Kомисиите за распределба на стипендии. Во составот на комисиите членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултети, како и претставници од редовите на студентите. Согласно програмските политики за поддршка на млади и амбициозни кадри кои своите кариери ги посветиле на македонското здравство и фармација, почнувајќи од учебната 2009/2010 година, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, во висина од 1.200 евра во денарска противвредност. 

Годинава, еднократна парична награда добиваат Марио Игњатовиќ од Фармацевтскиот факултет, Елиф Врајнко од Медицинскиот Факултет, Стефан Пандилов од Медицинскиот Факултет, Влатко Каранфиловски од Медицинскиот Факултет – сите стипендисти на Фондацијата Трајче Мукаетов, како и Никола Манев од Медицинскиот Факултет. Сите наградени првенци годинава прикажале просек 10,00.


„Особено задоволство ми е што годинава се пријавија исклучително талентирани студенти, па одлучивме наместо 40, стипендирани да бидат 42 студенти на медицинскиот и фармацевтскиот факулетет при УКИМ, со што исполнивме квота од 500 стипендирани студенти за 12 години. Навистина ми е драго што фондацијата „Трајче Мукаетов“ и компанијата „Алкалоид“ биле дел од успешната приказна на 374 дипломирани стипендисти по медицина и фармација до сега. Искрено ме радува и прикажаниот просек на првенците годинава! За прв пат годинава Фондацијата „Трајче Мукаетов“ има 5 првенци на генерацијата, сите со просек 10,00. Еден од првенците, веќе од наредниот месец ќе ја започне својата кариера во „Алкалоид“ а до крајот на годинава, вкупно 81 стипендирани студенти ќе бидат дел од компаниските процеси. Стимулирањето и наградувањето на младите таленти се надевам дека ќе биде мотив повеќе за испорачување на уште подобри резултати и уште повисоки идни дострели во областа на македонското здравство и фармација“ – изјави Живко Мукаетов, Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје“. 


Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендираше вкупно 500 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 42 во учебната 2019/2020. Од нив, 197 студенти по фармација и 177 по медицина се веќе дипломирани. Доколку ги исполнат предвидените услови, на стипендистите им продолжуваат стипендиите и во текот на наредната учебна година. Од 2009 година до денес, својата кариера во „Алкалоид“, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 79 од стипендираните студенти на Фондацијата, и тоа 74 студенти од Фармацевтскиот факултет и 5 студенти од Медицинскиот факултет. 


Во текот на месец ноември 2019 година, професионално ангажирани ќе бидат уште двајца стипендисти. Стипендијата изнесува 6.500 денари во текот на 12 месеци. Имињата на стипендистите ќе бидат објавени во печатените медиуми, а Извршната канцеларија на Фондацијата ќе ги контактира за потпишување договори за стипендирање. Под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“ во септември годинава се спроведе деветтиот по ред хуманитарен хепенинг организиран за вработените на компанијата. Собраниот износ од 1,255,844.00 денари се донирани на здружението на граѓани „О2 Иницијатива“ за поддршка на нивните заложби за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна околина.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова ќе го дава мандатот

Силјановска Давкова ќе го дава мандатот

Граѓани не го почитуваат предупредувањето за Водно, редарска служба нема

Граѓани не го почитуваат предупредувањето за Водно, редарска служба нема

Славјанка Петровска следната недела поднесува кандидатура

Славјанка Петровска следната недела поднесува кандидатура

Мечките повторно се симнаа во селата на Маврово и Ростуше

Мечките повторно се симнаа во селата на Маврово и Ростуше

Се огласи Манолева: Имаме привремено решение за хируршките сали

Се огласи Манолева: Имаме привремено решение за хируршките сали

Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите, да не бара функција од СДСМ

Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите, да не бара функција од СДСМ

Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“

Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Се апси низ Македонија за кражби на струја