(ФОТО) Ако не верувате во она што го работите не почнувајте бизнис
Објавено во: Економија 22 Мај, 2017
Музејот со кирбитчиња во Сремски Карловци е единствен таков во овој дел на Европа.
Вакви музеи има неколку во целиот свет.
Тој постои од 2013 година и располага со 40.000 експонати.
Јована Поповиќ Банишек која е основач вели дека ова е расадник на креативни идеи.
Таа раскажува дека кибритчињата ги добила во наследство, а бидејќи имала искуство со уметност и музејска дејност, сакала оваа идеја да ја реализира.
Прво со колекцијата од кибритчиња направила изложба и видела дека има интерес и од обичните посетители.
Решила дека куќата во која живее од 2008 година може да ја направи музеј и да ја стави на располагање на оние кои сакаат да уживаат во кирбитчињата.
„Во секој случај капиталот со кој ја почнав приказната за поединец не е занемарлив, но не е некое огромно вложување“ - раскажува Поповиќ Банишек.
Вели дека кога има квалитет и посетителите се задоволни, на крајот од оваа работа има и финансиска сатисфакција иако ова не е класичен бизнис. За овој бизнис додава дека најважно е да се има ентузијазам.