(ФОТО) АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД ЖЕНИТЕ СНИМЕНИ СО ДЕВОЈЧЕТО ВО ВИЕНА: Сите кои имаат информации можат да помогнат
Објавено во: Балкан 03 Април, 2024 18:03
Полицијата во Австрија трага по две жени кои беа снимени во Виена со девојчето за кое се верува дека е малата Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бор.
Полицијата објави и фотографии од жените по кои трага. Виенската полиција апелираше до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото да се јават кај органите на прогонот на 01-31310-33800 или во која било полициска станица.
Српски државјанин кој живее во Виена ги сними жените и девојчето кое личи на исчезнатата Данка. Полицијата со часови го анализирала видеото.


Како што јави репортер на CNN кој е во Бањско Поље во Бор, детето од видеото не е Данка Илиќ.
Според нивните неофицијални сознанија, девојката од видеото го разбира романскиот јазик.
„На снимката се слуша „извади го од торбата“, на што таа се наведна и извади нешто од багажот“, изјави репортерот на CNN.
Но, српскиот државјанин кој го сними видеото тврдеше дека детето не реагирало додека жените му зборувале. Данка има 2 години.Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




