(ФОТО) БАНКНОТИТЕ ДОБИЈА НОВ ИЗГЛЕД: Погледнете ги новите 100 и 200 евра
Објавено во: Економија 18 Септември, 2018
Европската централна банка претставила нов изглед на банкнотите во апоени од 100 и 200 евра кои ќе бидат во оптек од мај следната година.
Новите банкноти имаат подобра холограмска заштита од фалсификување и се потенки.
Исто така, се опремени и со подобрен „сателитски“ холограм кој ги покажува малите симболи на еврото кои се движат околу бројот кога банкнотата се подигне и придвижи.
Банкнотите кои ги претстави Европската централна банка се во иста висина како и банкнотите од 50 евра па повеќе нема да штрчат и да се оштетуваат.
Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Ив Мерш, на претставувањето на банкнотите, рекол дека граѓаните на Европа „остануваат приврзани“ на користењето готовини, иако електронскиот начин на плаќање е се поприфатен.
Мерш вели дека повеќе од милион банкомати мора да бидат прилагодени пред да бидат пуштени во промет на 28 мај догодина.