Добивај вести на Viber
Нова пешачка зона под наречена „Боемска улица“, ќе биде отворена утре во Центар, во скопско Дебар Маало.Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат, најавуваат од општина Центар.
Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков" е трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. Импровизираните рампи ќе спречат паркирање на возила.На улицата се поставени коцки, кои не се нови, туку земени од неколку растурени улици во Скопје.
Од двете страни на улиците има комбинација од стар и нов дрворед од 24 дрвја до кои е доведена инсталациа за полевање со систем капка по капка. Осветлувањето е со 15 гусени декоративни фенери. Денеска беше донесен и пајтон, но само како украсен . Тој е позајмен, за да се види како ќе го прифатат посетителите.
„Дебар Маало е боемската душа на Скопје“, вели градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Музика, убаво вино и дружење - ова го подготвува Општина Центар за утрешното отворање на Боемската улица во Дебар Маало. Отворањето е во 20:00 часот.