(ФОТО ГАЛЕРИЈА) 10 од најубавите езера во Австрија
Објавено во: Стил 21 Август, 2016
Австриските езера се едни од најубавите во светот. Погледите кон нив се воодушевувачки, како и кон околните села. Видете ги во листата.
10. Планзе
До него можете да стигнете по неколку реки. За љубителите на чамци ова е одлична опција. Многу популарна дестинација е меѓу туристите, кои тргнале на транзит. Достапни се исто така и мали траекти.
9. Траунзе
Тоа е познато по митското суштество Лунги за кое локалните граѓани верувале дека живее во водите. Тоа може да се спореди со приказните за чудовиштето од Лох Нес. На брегот ќе видите одлично сочуван средновековен замок.
8. Милшатер зее
Езеро со преубав поглед, опкружен со тивко село. Таму во лето можете да пливате, бидејќи водата успева да се стопли. Во селото има прекрасна опатија од 11 век.
7. Грунер зее
Неговото име значи "зелено езеро", а водите му се од стопен мраз. Таму дури во текот на летото е многу ладно, но пак погледите се раскошни.
6. Ваисензее
Ова езеро е "белото езеро". Тука не можете да користите моторни чамци што го задржува спокојството на местото. Можете да се возите на кану или пак да излезете на риболов.
5. Фаакер зее
Водите на ова езеро се сметаат за најчистите и најпогодни за пиење вода од сите езера во Австрија. По брегот има неколку плажи, на кои можете да се релаксирате, а и месноста е место за одржување на многу настани. Можете да дојдете на риболов, а во зимата да скијате.
4. Мондзее
Тоа е приватна сопственост, но секој може да го посети за да избега од бурниот град.
3. Ахензее
Водите на ова езеро се исклучително чисти, а погледите неверојатни. Можете да се качите на брод или на ридовите околу езерото.
2. Волфгангзее
Езерото го носи името на светец од 10 век, кој изградил црква во близина на брегот на езерото.
1. Халштатерзее
Погледите кон езерото и селото се просто неискажливи. Покрај чистите води, тука можете да видите и традиционална австриска архитектура.