ФОТО и ВИДЕО: Броиме жртви, а се полнат плински боци на бензински пумпи
Објавено во: Економија 10 Март, 2020
Без проблем и без санкции поминува полнењето на боци со плин на бензинските пумпи во земјава и покрај тоа што тоа е забрането.
МКД.мк објави фотографии од една бензинска пумпа во земјава на која се гледа дека се полнат боци и тоа не една туку повеќе.
Инаку свежо е сеќавањето на трагичниот настан во Романовце во кој седум луѓе загинаа од експлозија на плинска боца во дом.