(ФОТО) Мароканка за малку ќе задушеше мигрант - го ставила во куфер
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2017
Мароканка за малку ќе го задушеше мигрантот кој го ставила во куфер.
19-годишниот бегалец бил речиси задушен, кога властите наишле на необичен товар кој требало да ја премине границата.
Мароканката се обиде да пренесе преку граница 19-годишен мигрант од Габон, откако го скри во куфер.
Шпанската полиција сепак го открила, а жената е уапсена.
Светските медиуми покажаа слики на бегалец и истакнаа дека мешањето на властите му го спасиле животот.
Мароканката е на 22 години, а местото каде што е фатена е Сеута - мала шпанска територија во Африка која граничи со Мароко. Местото често се користи за илегално преминување на мигранти.