16 Мај, 2024
0.0921

(ФОТО) Најдобрите градови за пливање во светот

Објавено во: Стил 21 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Морските летувалишта се претпочитано место за летните месеци, но освен нив, можете да пливате во голем број други градови, кои немаат излез на море, но пак нудат уникатни базени со убави глетки и соодветни услови пливачи.

Во продолжение ви пренесуваме неколку такви места:

Копенхаген, Данска

kopenhagen

Ова е еден убав град, опкружен со вода. Копенхаген е радост за пливачите, особено кога летото тропа на вратата, а зимата се претвора во стар спомен. „Amager Beach Park “е идеално место за трошење на еден влажен, попладневен одмор. Ова всушност е вештачки остров, кој создава мирна лагуна.

Цирих, Швајцарија

LUFTAUFNAME

Швајцарската љубовна афера со нуркање во реките и езерата не е поврзана само со високите Алпи. Во Цирих има 18 официјално откриени места за пливање, сите со кристално чиста вода и неверојатна атмосфера. „Tiefenbrunnen“ е плажа на брегот на езерото Цирих. Таа е омилено место за луѓето, бидејќи нуди детски базен, можност за нуркање и шансата да се добие масажа по пливање.

Ванкувер, Канада

vankuver-najpozeljniji-grad-16

vankuver

Секој кој сака да се обедини со водата, смета дека Ванкувер ги има сите потребни нешта кои го претвораат во вистинскиот град во Канада. Плажите таму се прекрасни. Барателите на спокојство и свежина, можат да го најдат во „Third Beach“.

Лисабон, Португалија

lisabon

Португалската престолнина е една од најдобрите опции да доживеете прекрасен летен и воденодмор. Плажите во „Carcavelos“ и „Guincho“ ќе ве натераат да почувствувате сè што е потребно за едно незаборавно лето. Сонцето таму се смешка.

Стокхолм, Шведска

stokholm

Заедно со безбројните пристаништа кои се љубопитни предизвик за храбрите пливачи, Стокхолм има и многу убави и пусти заливи за помирни искуства. „Smedsuddsbadet“ е местото што можеби сте си го замислувале како ливадата по портите на Рајот. Ова место е обожавано од семејствата.

Рио де Жанеиро, Бразил

rio brazil

Ако не сте професионален тркач на Олимписките игри во Рио по нуркање, пливање или пловење, може да уживате во одлични плажи и базени, надвор од специјално прилагодените места за Олимпијадата. Таму се наоѓаат два од најдобрите плажи во светот и никој сеуште не останал разочаран од нив. „Copacabana“ и „Ipanema“ се местата за кои сте слушнале и виделе доволно многу што ќе посакате да ги посетите.

Њујорк, САД

nujork

Малку чудно, но факт. Овој град ви нуди повеќе од 50 базенот. Некои од нив се наоѓаат на последните катови на колосални градби други буквално се наоѓаат до метрото, а трети се со олимписки димензии. Летните месеци таму можат да бидат здодевни, само ако вие така си дозволите. Секогаш има варијанти, само ви треба акција и желба.

Париз, Франција

sena

Песочните плажи се расфрлани по реката Сена, а во центарот на градот може да најдете базен за раладување во најжешките и долги денови. Што повеќе ви треба за една незаборавна летна авантура? Имате плажи, ја имате и Ајфеловата кула ... романтика!