Добивај вести на Viber
Вчера свечено се отвори новата деловна зграда на Охридска банка во срцето на главниот град. Позиционирањето на Банката во главниот град овозможува не само да се надмине јазот со главните македонски банки соодветно претставени во Скопје, туку воедно нуди простории кои целосно соодветствуваат со стандардите на Сосиете Женерал Групацијата. Зградата овозможува удобна работна атмосфера за вработените и ги пресретнува сегашните и идни потреби на компанијата и клиентите.
Новата деловна зграда ја отворија Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка, г-ѓа. Јитка Пантучкова, Директорот на Сосиете Женерал за Европа, г. Џовани Лука Сома, Гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов и Заменик Претседателот на Владата на Р.М г. Зоран Ставрески, во присуство на почесни гости, стопанственици и вработени.
“Оваа свеченост претставува симболична точка во процесот на трансформација на Охридска банка од регионална во национална банка. Во изминатите неколку години ние двојно го зголемивме нашиот удел на пазарот, значително го проширивме и го зголемивме квалитетот на нашето портфолио на клиенти, како и портфолиото на производи за професионалци, физички и правни лица. Сосиете Женерал е уникатен глобален банкарски бренд присутен во Македонија. Тоа што Охридска банка е под закрила на оваа групација, не издвојува на пазарот во поглед на безбедност, сигурност и доверба - многу важни банкарски атрибути особено во овие тешки и турбулентни времиња. Со нетрпение очекувам да се среќаваме во нашите нови простории и заедно да продолжиме да ја градиме успешната приказна на Охридска банка – рече Претседателот на управниот одбор на Охридска банка, г-а Јитка Пантучкова.
“Охридска банка е посветена на својата значајна улога во Сосиете Женерал. Како што гледаме кон иднината на оваа банка, на оваа земја и на овој регион од Европа, свесни сме дека долгите патувања започнуваат со мали, но цврсти чекори и дека секој остварен успех придонесува кон идниот напредок. Јас сум тука денес да се заложам за континуирана поддршка на Охридска банка, вклучувајќи ја нејзината експанзија во секој дел од земјава. Убеден сум дека со заеднички напор на вработените, клиентите, заедницата и останатаите стеикхолдери, статусот и конкурентноста на Охридска банка континуирано останатаите стеикхолдери, статусот и конкурентноста на Охридска банка континуирано ќе растат од ден на ден – подвлече директорот на Сосиете Женерал за Европа, г. Џовани Лука Сома.
Во очи Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Охридска банка ја искажа својата желба и одлучност да помогне во создавањето на навика за штедење кај најмладите, навика која овозможува поубава и посигурна иднина. За таа цел, Охридска банка додели донација, штедни книшки со по 3.000 денари за сите 67 деца од Детското СОС село. На овој начин банката уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност и посветеноста кон мотото „Здружени сме посилни“.
Со новата деловна зграда, Охридска банка ги централизира на едно место генералниот менаџмент на банката, комерцијалните служби, службите за поддршка, како и корпоративната експозитура и експозитурата за ВИП клиенти кои сега се достапни во една зграда што исклучително позитивно ќе влијае врз организацијата, ефикасноста и контролата на оперативниот ризик. Исто така, во новите простории во полн сјај е изложена нумизматичката колекција и таа е достапна за јавноста по претходно барање.
Со заокружување на ова поглавје, Охридска банка е чекор поблиску до реализирање на својата стратегија – зачувување на долгата традиција на реномирана банкарска институција со постојано подобрување и зацврстување на својата позиција на македонскиот пазар.