(ФОТО) ОПСАДА ВО БРИСЕЛ: Браќата Ел Бакрауи се бомбашите самоубијци, се трага за третиот!
Објавено во: Свет 23 Март, 2016
Првите двајца, кои се разнесоа на аеродромот, се браќата Калид и Ибраим ел Бакрауи , а третиот е Наџим Лахрауи.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/itele/status/712538840150499328?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Белгиските власти и понатаму трагаат за третиот осомничен за вчерашните напади во Брисел, за кој е издадена потерница додека се верува дека браќата Ел Бакрауи се резнеле при терористичкиот напад на бриселскиот аеродром Завентем, пренесоа агенциите.
Сликата на безбедносните камери покажува човек со наочари и брада во светла јакна и со црн шешир како турка количка на која има голема црна торба.
Нападот на аеродромот е изведен во вторникот, на 22 март, околу осум часот утрото, кога две силни експлозии го потресоа главниот хол на аеродромот. Третата експлозија погодила воз во метро станицата Малбек во центарот на градот токму во времето на најголемата гужва. Во вчерашниот терористички напад на метро станицата и на аеродромот загинале околу 35 лица, а повредени се 200, од кои некои се во критична состојба.
Идентификуван е и третиот напаѓач по кој полицијата сеуште трага. Тоа е Наџим Лахрауи (25) . Сите тројца биле поврзани со Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/police_temoin/status/711959798724562945?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Неговата ДНК е пронајдена во куќите кои ги користеле лицата кои минатата година ги изведоа нападите во Париз.
Идентитетот на браќата Ел Бакрауи пак се дознал така што таксистот кој ги донесол тројцата бомбаши самоубијци на аеродромот на полицијата им ја дал адресата од која ги земал.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/712548771788431360?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Браќата живееле во Брисел и имаат досие во полиција , но не поради тероризам. Минатата недела бриселската полиција извршила рација во квартот Форест, каде Калид имал изнајмено стан под лажно име. Во текот на таа рација, истражувачите пронашле знаме на Исламска држава, автоматска пушка, детонатори и отисоци од прстите на главниот осомничен за нападите во Париз Салах Абдеслам, кој е уапсен три дена подоцна.
Во тек се рации ширум Белгија, изјавил државниот обвнител. Во повеќе делови на земјата се води питрага, а се испитуваат и неколкумина сведоци , додал тој.