ФОТО: Ова е место каде природата и архитектурата се испреплетуваат…
Објавено во: Стил 24 Јуни, 2016
Во срцето на Сингапур има едно место, наречено „Градините крај заливот", што буквално го запира здивот на секој посетител.
Местото е мешавина од модерна, високо-технолошка архитектура и тропска природа.
Првото нешто што ве восхитува кога ќе влезете во паркот, се гигантските дрвја.
Уште едно импресивно откритие во „Градините крај Заливот" е огромната купола од стакло, наречена „Шумата облак".
Во оваа конструкција како да сте во вистинска прашума, опкружени со дрвја, цвеќиња и џиновски водопади.
Над 500.000 видови растенија се претставени во паркот и повеќето од нив се наоѓаат токму во „Шумата облак".
Во прилог на нив, се ставени мали статуи, врежани фигури од дрво и уметнички дела кои се комбинираат на неверојатен начин со природните елементи.
Опкружени од тропската вегетација, гледајќи низ прозорците на куполата, на хоризонтот ви се појавува Сингапур. Се чувствува разликата помеѓу суровата природа и модерното општество.
Џиновските водопади го прават воздухот во внатрешноста на куполата свеж.
Во паркот дошле повеќе од 20 милиони посетители во првите 3 години од отворањето.