20 Декември, 2025
0.1864

(ФОТО) ПОЛИЦИЈАТА ГО ВОЗВРАТИ УДАРОТ: Солзавец и молотов коктел кон демонстрантите во Атина

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2015 15:25

Добивај вести на Viber

Грците излегоа на протести по улиците на земјата против политиките на премиерот Алексис Ципрас за подолго штедење.

Грчката полиција употреби солзавец за да растера демонстранти кои фрлаа молотови коктели во центарот на Атина.

Претходно денеска илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат против наметнатите мерки за штедење од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  во првиот национален штрајк, свикан од главните синдикати во Грција во државниот и приватниот сектор, откако владата на премиерот Алексис Ципрас дојде на власт во јануари.

Речиси 25 000 луѓе учествуваа во поворката во центарот на Атина во рамките на три одделни демонстрации според податоците на полицијата, цитирани од „Асошиејтед прес“.

грција

Поворката поддржана од комунистите на синдикатот „ПАМЕ“ собра околу 15 000 лица, околу 4000 учествуваа во демонстрациите на синдикатите, а други 5.000 се приклучија на протестот, организиран од анархистичките и други групи кои се противат на статус кво групи.

Околу 10 илјади луѓе се приклучија на протестен марш и во вториот по големина град Солун.

Штрајкот го блокираше јавниот транспорт и доведе до прекин на траектите, возовите и метрото, посочуваат агенциите. Државните училишта и локалните администрации останаа затворени, како и многу музеи и археолошки локалитети.

Лекарите од државниот сектор прифаќаат само итни случаи.

Синдикатите протестираат против мерките од владата за промени во пензиониот и осигурителен систем и мерките за зголемување на даноците и намалување на пензиите, кои се услов за добивање на финансиска помош во рамките на третиот спасувачки пакет од 86 милијарди евра.

грција 1

Во штрајкот учествуваат вработените од државниот и приватниот сектор, вработените во министерствата, даночните служби, осигурителните и осигурителни фондови, општините, банкарски службеници, професори, трговци, адвокати, лекари, фармацевти и вработените во градскиот транспорт.

Главната партија во владејачката коалиција - левата „СИРИЗА“ на Ципрас - покажува симпатија кон штрајкувачите. Секторот од партијата задолжен за политиката на работничките прашања, повика на масовно учество во штрајкот во знак на протест против „неолибералните политики и уценувањето од финансиските и политички центри во и надвор од Грција“.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај