(ФОТО) Поранешен фудбалер на Црвена Ѕвезда ја избегна смртта на кобниот лет!
Објавено во: Свет 25 Март, 2015
Екипата на шведскиот фудбалски третолигаш Далкурд во последен момент се откажала од качувањето во авионот Ербас А 320 на германската компанија „Германвигс“, кој се урна на југот од Франција во Алпите.
Фудбалерите на стручниот штаб на Далкурд се враќале во својот град Боланџ од Барселона и тој лет во прв момент им изгледал како најдобра опција , бидејќи сите морале да влезат во авионот. Меѓутоа, кога сфатиле дека во Дизелдорф предолг ќе чекаат на следниот лет, за Шведска, го промениле планот и избегнале смрт. Одлучиле да се “поделат“ во три авиони сметајќи дека така побрзо ќе стигнат дома.
Во тој авион требало да биде и Предраг Кашчелан , член на овој шведски третолигаш, а кој ја поминал младата категорија на Црвена Ѕвезда. Не успеал да се наметне во првиот тим во летото 2008, па тогашниот директор на Младинската школа на црвено белите го прецртал.
Кашчелан подоцна настапувал за Спартак од Суботица.
„Имавме голема среќа, веројатно уште не сме ни свесни. Екипата патуваше одделно. И токму мојата група требаше да се најде во тој авион кој се урна. Среќа, голема среќа ... Спортскиот директор во последен момент ги промени картите, бидејќи дознавме дека мораме долго да чекаме лет за Стокхолм. Во шок сум, овој ден долго ќе го паметам“, рекол Кашчелан, кој во Далкурд стигнал во почетокот на месецот од Химика од Џерџинск.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/25/igra-na-sudbinata-fudbalski-tim-vo-posleden-moment-go-izbegnal-kobniot-let/" target="blank" ]Игра на Судбината: Фудбалски тим во последен момент го избегнал кобниот лет[/button]
„Прво поминавме некое време во обид да ги смириме нашите најблиски, кои беа преплашени. Потоа и самите бевме многу тажни мислејќи на тоа колкави се размерите на трагедијата, како им е на роднините и пријателите на настраданите. Не можеме да замислиме, туку само да им упатиме зборови со сочуство. Бидете силни, сите со мислите сме со вас“, изјавил голманот Франк Петерсон.