Добивај вести на Viber
Под мотото „Битола сака чист воздух“ вечерва се одржа протестот на кој битолчани го изразуваат своето незадоволство од загадувањето и лошиот квалитет на воздухот во градот.
„Заштитете го народот, не загадувајте!“, „За нас се работи“ - се дел од транспарентите што ги носеа демонстрантите.
Меѓудруго, тие бараат поголем ангажман на градските власти и ставање во функција на мерна станица за квалитет на воздухот во овој град. Маршот за протест го организираа на денот на ослободување на градот. Протестот се организираше преку социјалните мрежи, а таму веќе започнаа да се споделуваат и фотографии од настанот.
Фото:
Фејсбук - Битола сака чист воздух