(ФОТО) Снежно невреме во Европа уби најмалку шест луѓе
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019
Во Европа има снежно невреме кое однесе жртви.
Обилните снежни врнежи од последните денови предизвикаа проблеми.
Шест луѓе загинаа во инциденти поврзани со лошите временски услови во Германија, Австрија и Швајцарија.
Германската полиција информираше дека 44-годишен маж во Вакерсберг, Баварија, загинал кога врз него паднале гранки кои се скршиле под тежината на снегот, пренесе агенцијата АП.
Во Баварија загинала и една жена во инцидент поврзан со временските неприлики.
Во Швајцарија една жена затрупана од снег минатата недела во кантонот Ури починала од здобиените повреди.
Тројца скијачи во Австрија загинаа во лавина за викендот. Околу 40 спасувачи со кучиња трагачи бараат двајца скијачи, близу до Хохенберг во Долна Австрија.
Поради ризикот од лавини, патот и целата ски-област во Хохкар се затворени. Во австрискиот регион Штајермарк и во некои делови на германската покраина Баварија денес училиштата не работат.
фото EPA