(ФОТО) Стигнаа последните осум автобуси - скопјани ќе се возат еколошки
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Утрово во главниот град стигнаа последните осум автобуси, од вкупно 33-те автобуси кои ги набави Град Скопје, за јавниот градски превоз.
Фактор објавува фотографии од осумте автобуси.
Од овие осум автомуси, седум се зглобни, а еден е соло.
Со пристигнувањето на новите автобуси, всушност е заокружена набавката на вкупно 33 нови автобуси, кои Град Скопје ги добива согласно дговорот за нивната набавка.
Од ЈСП Скопје велат дека сега единствено треба да се почека автобусите да поминат низ неопходните интерни процедури, по што ќе бидат ставени во сообраќај.
Пред неколку дена ЈСП пушти во сообраќај 25 автобуси кои беа стигнати во првата фаза.
Новите автобуси се на течен нафтен гас, германски МАН, а за нив тендерот го доби „Ауто Хрватска ПСЦ“.